• Дали сте задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци?

    Ова истражување има за цел да се процени какво е мислењето на граѓаните и колку се задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци.

  • МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО: ИСКРЕНА ЦЕЛ ИЛИ БУГАРСКИ ТРОЈАНСКИ КОЊ ?!?“

    Во последно време, сведоци сме на отварање на некакви МБП (Македонско-Бугарско Пријателство) ограноци низ Македонија. Деновиве, се отвори огранок и во Кавадарци, па логично е...

  • ПОВИК ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ШТЕТИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

    Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделкските култури направени како резултат на ниските температури во...

  • КАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН ОД ПОЛИЦИЈАТА ПРЕД ДА ГО ПРОДАДЕ ХЕРОИНОТ

    Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство ...

Monday, May 25, 2015

ХУМОР: КАВАДАРЧАНИ И НЕГОТИНЦИ


Кавадарчани и неготинци се караат уште од турско време, кога неготинските бегови отишле кај турскиот валија во Солун и со поткуп успеале да го кандисаат седиштето на Тиквешкиот округ да биде во Неготино. Приказната се врти до денес, како и многу други кои се дел од кавадаречко-неготинските мајтапења.

Sunday, May 24, 2015

ДЕМОТИВАЦИЈА: ЛЕТО НА СЕЛО


ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: Да му помогнеме на Јовица



На 34-годишниот Јовица Крстевски од Кавадарци, кој има тешка повреда на р'бетниот столб, му е потребна финансиска помош за лекување во болницата Shizhentang во Пекинг. Потребни
се 26.000 долари, како и 1.000 до 2.000 долари за можна потреба од користење лекарства за време на третманот. Неговото семејство ги нема потребните средства и упатува апел за помош до сите луѓе кои се во можност да донираат скромни средства како Јовица би продолжил со нормален живот.
Средствата можат да се уплатат на жиро сметка: 200002510076558 – Стопанска банка Скопје, а телефонските броеви за донација од 100 денари се 077/143 600, 075/143 103 и 070/143 131.

ПОЧНУВА ИНИЦИЈАТИВА ЗА БРОЕЊЕ ГНЕЗДА НА ШТРКОВИ



Акцијата, во наредните неколку недели ќе ја реализираат волонтери и локално население од Скопје, Гевгелија, Кавадарци, Радовиш, Валандово, Струмица, Ресен и Охрид.
Според Македонско еколошко друштво (МЕД), најголемото подрачје, кое е и најтешко да се опфати целосно заради големата површина и број на гнезда е Пелагонија.
МЕД соопшти дека броењето гнезда на штркови се спроведува во истиот период низ цела Европа, а намалувањето или растот на бројот на штркови е важен индикатор за квалитетот на животната средина во која живееме.

Saturday, May 23, 2015

КАРИКАРУРА: ПЛАЖА




Friday, May 22, 2015

СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ КАЗНЕТИ ПОРАДИ ТРОЈНОТО УБИСТВО ВО КАВАДАРЦИ



Условна казна затвор од три месеци добија четворица вработени во Центарот за социјални работи во Кавадарци, бидејќи не постапиле совесно во однос на барањата поднесени од сопругата на трикратниот убиец од Кавадарци, Тони Станоев. Казната затвор нема да се изврши доколку во рок од една година обвинетите не сторат ново кривично дело.
Како што се вели во соопштението од Обвинителството, обвинетите во својство на службени лица, вработени во Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи Кавадарци, во временскиот период од 14. 08. 2014 година до 07.10.2014 година, несовесно постапиле при вршење на дискреционите овластувања и сториле повреда на прописи од Законот за семејство.

„Имено, обвинетите лица примиле пријава од оштетеното лице за семејно насилство извршено врз неа и нејзините малолетни деца од брачниот другар, сега обвинето лице за сторено тројно убиство. Во исто време, обвинетите од оштетената примиле и Барање со предлог за изрекување привремена мерка за заштита од семејно насилство и тоа: да не ја вознемирува, физички да не и се заканува, телефонски да не ја малтретира и да му се забрани приближување.

Секој од сега обвинетите, во рамки на своите овластувања, не изготвил индивидуален план за работа, не водел листа за следење на работата, не извршиле посета во семејството, не составиле поединечен наод и мислење за процена на ризик со предлог заклучоци. Обвинетите како членови на стручен тим на одржана седница донеле заклучок да не се постапува по пријавата на оштетената поради што и не поднеле барање до судот за изрекување на бараните привремени мерки“, велат од Обвинителството.

Со ваквото непостапување од страна на обвинетите, на оштетената и е нанесена штета, со тоа што пријавениот на 09.11.2014 година ја остварил заканата со извршување на убиство на членови од семејството на оштетената.

Бесплатен влез на мечот МЗТ Скопје - Фени Индустри

МЗТ Скопје информира дека за сите љубители на кошарката влезот за дуелот со Фени Индустри е бесплатен.
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром вечерва со почеток од 19.00ч во СЦ Јане Сандански е домаќин на тимот на Фени Индустри од Кавадарци во првиот натпревар од полуфиналето на плејофот, а влезот ќе биде бесплатен за сите.
Полуфиналната серија се игра до две добиени средби, а покрај натпреварите во петок, термините за полуфиналните мечеви се уште и недела (24.05.2015) и вторник (26.05.2015) доколку има потреба.

Thursday, May 21, 2015

ЕПРОСКОП: ПРЕД ХОТЕЛОТ - ДОЧЕК НА МАТУРАНТИТЕ

Во почетоткот на 80-тите на програмата на радио Кавадарци, одеше ХУМОРИСТИЧНА емисија која се викаше “Епроскоп”, во која учествуваа Бубо Каров, Бранко Трајковски-Сачмо, Марјан Димитров, како и другите вработени во тогашното Радио Кавадарци. Главните ликови беа Перо и Ристо. Емисијата беше вистински хит. Смешно но вистинито, емисијата одеше во недела, кога сите си работеа на лозовите насади. Транзисторот “обесен” на гранка, граѓаните си работеа, пееја и слушаа “Епроскоп”.

Monday, May 18, 2015

ВРВЕН ТАЛЕНТ: Панделина Атанасова е новото македонско „чудо од дете“

Младата кавадарчанка Панделина Атанасова е новото македонско „чудо од дете“. Со само дваесет и три години, таа зад себе има повеќе од 20 меѓународни награди.
Погледнете го видеото за да ви стане појасно за што станува збор.


Saturday, May 16, 2015

КАВАДАРЦИ ЌЕ АНГАЖИРА РАБОТНИЦИ ЗА ОПШТОКОРИСНА РАБОТА

Општина Кавадарци во соработка со Агенцијата за вработување и Центарот за социјални работи, распиша оглас за извршување општокорисна работа, наменет за невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот.

Локалната самоуправа информираше дека може да бидат вработени лица од ранливи категории за ангажирање во сферата на социјалната заштита за период од шест месеци.

Се бараат шест лица кои би работеле како негуватели или помошници за давање услуги во домашни услови на стари, изнемоштени и инвалидизирани лица на кои ќе им бидат на располагање за набавка на лекови, храна и други неопходни работи, како и за плаќање месечните сметки. Тие истовремено и ќе се дружат со нив, за да им покажат дека не се заборавени од заедницата.

Кандидатите треба да припаѓаат на некоја од ранливите групи- млади лица до 29 години со ниски квалификации, деца без родители и родителска грижа, самохрани родители, Роми, невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување најмалку една година, млади невработени лица евидентирани во Агенцијата најмалку шест месеци, жртви на семејно насилство.

Friday, May 15, 2015

КАВАДАРЧАНКА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ ПО НАПАД ОД СОПРУГОТ

Жена од Кавадарци, која била нападната од својот сопруг и е во животна опасност, попладнево била хоспитализирана на скопските клиники. Случајот го потврди и полицијата.

– Во 15:30 часот во Полициската станица од општа надлежност – Кавадарци, кавадарчанец пријавил дека ја нападнал сопругата во нивниот дом. Полицијата излегла на лице место и жената била однесена во Медицински центар Кавадарци, а потоа префрлена на скопските клиники во животна опасност, изјави Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Thursday, May 14, 2015

ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА ПОЧИНАТО МОМЧЕ КАЈ ТИКВЕШКОТО ЕЗЕРО

Во викендичка на Тиквешко Езеро денеска било пронајдено починато момче родено 1989 година.

Во викендичка на Тиквешко Езеро денеска било пронајдено починато момче родено 1989 година.- Момче, родено 1989 година, е пронајдено починато во викендичка на езерото. Од првичниот преглед на доктор, не се забележани траги на насилство, но евентуалната обдукција ќе ги покаже вистинските причини за смртта, изјави портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска. 

МОЛЧЕЊТО Е ЗЛАТО

Во почетоткот на 80-тите на програмата на радио Кавадарци, одеше ХУМОРИСТИЧНА емисија која се викаше “Епроскоп”, во која учествуваа Бубо Каров, Бранко Трајковски-Сачмо, Марјан Димитров, како и другите вработени во тогашното Радио Кавадарци. Главните ликови беа Перо и Ристо. Емисијата беше вистински хит. Смешно но вистинито, емисијата одеше во недела, кога сите си работеа на лозовите насади. Транзисторот “обесен” на гранка, граѓаните си работеа, пееја и слушаа “Епроскоп”.


Wednesday, May 13, 2015

МОТО ТРКА (Тиквешки гроздобер 1969 година)

При крајот на минатиот век, таму некаде седумдесетите години, за време на «Тиквешкиот Гроздобер» се одржуваа и мото трки низ улиците на Кавадарци.
Трките се возеа во сите категории и се бодуваа за шампионатот на Југославија. На трките учествуваа натпреварувачи од сите републики на поранешна Југославија
“... од Вардара па до Триглава...“

Но со замирањето на «Тиквешкиот Гроздобер», и поради “сигурносни“ причини престанаа трките по улиците на Кавадарци...
Се надеваме дека трките , ако не во такво, во некое ублажено издание, ќе “дојдат“ на ред за оживување на традиции кај денешната локална самоуправа и градоначалникот па и оваа традиција повторно ќе ја заживее... 

ИЗЛОЖБА НА ОЛДТАЈМЕРИ (Тиквешки гроздобер 2013)

Изложба на олдтајмери - „Тиквешки гроздобер - Кавадарци 2013“

Да ги потсетиме постарите како некогаш изгледале нашите улици, а помладите да ги запознаеме со мал дел од автомобилската историја... Да побудиме спомени од првото седнување зад воланот, да побудиме спомени од семејните патувања со возилата и да споделиме некоја легенда од минатото...

Tuesday, May 12, 2015

КАВАДАРЦИ - Есма Реџепова



Прекрасна песна, испеана од Есма Реџепова за нашиот град Кавадарци.

Изложба на цртежи “Скици 2014“


Во петок, на 15 мај 2015, со почеток од 19.30 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена изложба на цртежи “Скици 2014“.
Станува збор за биенална изложба, која се организира од страна на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ од Куманово.
На изложбата учестваат девет академски уметници од Куманово кои се претставуваат со дваесетина цртежи.
Ретка и убава прилика да се погледне работата на познати ликовни уметници од Куманово.

Театарска претстава “Ах, љубов моја“

Во рамките на месецот на Театарот во Кавадарци ќе гостуваат повеќе познати Театарски ансамбли од Македонија, со актуелни претстави, на радост на љубителите на Театарската уметност.
Првата претстава “Ах, љубов моја“ на авторот и режисер Коле Ангеловски, а во изведба на Театар “Комедија“ од Скопје, е на репертоарот на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ веќе во понеделник на 18 мај 2015, со почеток од 20 часот.
Влезниците за претставата по цена од 100 денари ќе бидат во продажба на билетарата на Домот на културата два часа пред почетокот на истата (од 18 до 20 часот).

ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП