На 34-годишниот Јовица Крстевски од Кавадарци, кој има тешка повреда на р'бетниот столб, му е потребна финансиска помош за лекување во болницата Shizhentang во Пекинг. Потребни
се 26.000 долари, како и 1.000 до 2.000 долари за можна потреба од користење лекарства за време на третманот. Неговото семејство ги нема потребните средства и упатува апел за помош до сите луѓе кои се во можност да донираат скромни средства како Јовица би продолжил со нормален живот.
Средствата можат да се уплатат на жиро сметка: 200002510076558 – Стопанска банка Скопје, а телефонските броеви за донација од 100 денари се 077/143 600, 075/143 103 и 070/143 131.
0 comments:
Post a Comment