Во рамките на месецот на Театарот во Кавадарци ќе
гостуваат повеќе познати Театарски ансамбли од Македонија, со актуелни
претстави, на радост на љубителите на Театарската уметност.
Првата
претстава “Ах, љубов моја“ на авторот и режисер Коле Ангеловски, а во
изведба на Театар “Комедија“ од Скопје, е на репертоарот на Домот на
културата “Иван Мазов - Климе“ веќе во понеделник на 18 мај 2015, со
почеток од 20 часот.
Влезниците за претставата по цена од 100 денари
ќе бидат во продажба на билетарата на Домот на културата два часа пред
почетокот на истата (од 18 до 20 часот).
0 comments:
Post a Comment