Локалната самоуправа информираше дека може да бидат вработени лица од ранливи категории за ангажирање во сферата на социјалната заштита за период од шест месеци.
Се бараат шест лица кои би работеле како негуватели или помошници за давање услуги во домашни услови на стари, изнемоштени и инвалидизирани лица на кои ќе им бидат на располагање за набавка на лекови, храна и други неопходни работи, како и за плаќање месечните сметки. Тие истовремено и ќе се дружат со нив, за да им покажат дека не се заборавени од заедницата.
Кандидатите треба да припаѓаат на некоја од ранливите групи- млади лица до 29 години со ниски квалификации, деца без родители и родителска грижа, самохрани родители, Роми, невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување најмалку една година, млади невработени лица евидентирани во Агенцијата најмалку шест месеци, жртви на семејно насилство.
0 comments:
Post a Comment