Во традициите се јавува и како Свети Трипун Зарезан, затоа што тогаш за првпат во новата година лозарите влегуваат во лозјата и започнуваат со кроењето на лозата, односно со подготовката за новата берба. Симболично на денот на Свети Трифун се закројува барем една лозница. Од Свети Трифун започнува и топењето на снегот, попуштањето на мразот.
Во народните верувања има бројни приказни и очекувања сврзани со овој празник. Се смета дека на овој ден започнува раѓањето на пролетта, се буди природата и љубовта кај луѓето. Во бројните легенди стои и онаа дека ако на тој ден паѓа дожд добро ќе роди сливата и другите овошки или дека и доколку падне снег тој ќе биде бериќетен, добар за овошките и за лозата. Постои и преданието дека на тој ден и мечките се будат накратко за да проверат дали времето ќе оди кон стоплување, па ако не, тогаш се враќааат во пештерите за да го продолжат зимскиот сон.
Во католичката тарадиција, со доста слични назнаки и очекувања се прославува Свети Валентин, но и како ден на љубовта и вљубените.
Инаку, самата личност на Свети Трифун е сврзана со човекот кој живеел во третиот век од нашата ера во Фригија (денешна Анатолија во Турција) кој бил многу сиромашен но надарен со моќ да лечи болести кај луѓето и кај добитокот. За неговата моќ разбрал и римскиот император Гордијан кој имал душевно пореметена ќерка. Го довел Трифуна во Рим и тој ја излечил ќерката на императорот. Богато награден, тој на враќањето во Фригија им го разделил богатството на сиромашните. Продолжил да живее во голема побожност. Но, новиот цар кој бил противнник на христијанството го затворил Трифуна каде ужасно го мачеле. Според легендите така измачен умрел во 250 година.
Кај нас традицијата на одбележување на Свети Трифун никогаш не прекинала, а со развојот на винарството и лозарството празникот Свет Трифун се позначајно се одбележува.
0 comments:
Post a Comment