Sunday, February 14, 2016

ГОЛЕМИОТ УМЕТНИК: ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА ЛИКОВНИОТ УМЕТНИК РИСТО СОКОЛОВ - СОКОЛ


Пред една година престана да чука срцето на големиот мајстор на ликовната уметност Ристо Соколов - Сокол. Еден од најголемите и најпознатите македонски ликовни уметници, големиот ликовен иноватор, маестро на перформансите, учител на младите уметници, големиот кавадарчанец и пријател на убавото во животот.



Ристо Соколов - Сокол е роден на 16 април 1957 година, во село Дреново, Кавадарци. Завршува средно уметничко и Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на проф. Димитар Малиданов и графички дизајн во класата на проф. Костадин Танчев Динка. Живееше и работеше во Кавадарци, Република Македонија, како слободен уметник.

Излагаше самостојно како низ цела Македонија така и во повеќе Европски земји, а преку групни изложби беше присутен низ целиот свет.

Ристо Соколов беше познат и како успешен организатор на Меѓународни ликовни колонии, а последните неколку години пред смртта имаше и успешни соработки со други уметности (музичка, театарска, литературна, фотографска и др.) преку неформалната уметничка група “Сокол Арт“, која настана од неговиот ангажман во кавадаречката и македонска уметност преку Уметничкото студио “Сокол Арт“, од каде што произлегоа неколку ликовни изложби, театарски претстави, поетски дела, фотографски перфоманси, мултимедијални настани и концерти.

Последната негова изложба насловена „Ретро Арт – Нови моменти“ (12 декември 2014 – 12 јануари 2015, Музеј Галерија Кавадарци) ќе остане запаметена како најпосетувана изложба во историјата на ликовната уметност во Кавадарци.



0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП