Saturday, February 13, 2016

ХОРОР НА ПАТОТ ПРИЛЕП – СКОПЈЕ: СЛЕДЕНА И НАПАДНАТА ЖЕНА КОЈА СЕ ВОЗЕЛА СО СИНОВИТЕ



Скопјанка, која патувала со своите двајца синови со автомобил „мерцедес“ од Прилеп кон Скопје, била нападната од непознати лица. Додека се движеле со автомобилот со холандски регистарски ознаки, пред бензинска пумпа ги пресретнало друго возило марка „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки и се паркирало пред нив. Од возилото излегле едно непознато машко лице и едно непознато женско лице кое го спречувала да направи проблем.

Откако го продолжиле патот, по кратко време ги престигнало комбе, управувано од непознато лице, кое ги удрило во задниот дел од возилото и од страната, а потоа се паркирало пред нив и од комбето излегле неколку непознати лица. Еден од синовите, кој го управувал возилото веднаш го свртил автомобилот кон Прилеп, но комбето ги пристигнало и повторно ги удрило одзади и ги исфрлило од патот, по што се превртеле.

Во тој момент пристигнало и лицето кое го управувало „мерцедесот“ со прилепски ознаки, извадило бејзбол палка и заедно со лицата од комбето кои исто така имале палки почнале да и се приближуваат на жената. Нејзините синовите избегале, а жената останала сама кај возилото. Лицето кое го управувало „мерцедесот“ ја удрило два пати во пределот на рамото и нозете, по што таа паднала во бессознание.

Полицајци излегле на лице место, а жената и нејзините синови биле префрлени во Медицинскиот центар во Прилеп. На двете лица од „мерцедесот“ им бил утврден идентитетот и по истите се трага, а се работи на утврдување на идентитетот и на останатите лица и нивно пронаоѓање. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП