Friday, February 12, 2016

РАДИО КАВАДАРЦИ НАЈСЛУШАНО ЛОКАЛНО РАДИО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ДАЛЕКУ ПРЕД ДРУГИТЕ


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го објави Годишниот извештај за 2015 година, за досегот на радиостаниците и нивната слушаност во текот на цела година. Извештајот е изработен од независната маркетинг агенција MVISION.



Радио Кавадарци во текот на цела година e најслушано локално радио во Република Македонија, далеку пред другите со просечен дневен досег на територијата на која што зрачи од 35,6 проценти.

Според извештајот, слушаноста во вториот квартал од 2015 година достигнала неверојатни 55,6 проценти, а во извештајот се вели дека најголема слушаност Радио Кавадарци достигнува за време на викендите.

Извештајот е работен со CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер, врз основа на половично - структуриран прашалник, а во истиот се опфатени 6000 испитаници.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП