Monday, September 14, 2015

КОШАРКАРСКАТА ЕЛИТА ВИКЕНДОВ НА СОБИР ВО КАВАДАРЦИ

Во пресрет на новата сезона, пред почетокот на натпреварите од Првата македонската кошаркарска лига петок и сабота во салата „Јасмин“ во Кавадарци екипата на Фени Индустри ќе биде домаќин на 6. Меморијален турнир „Димитар Ѓорѓиев“ на кој покрај организатор на турнирот ќе учествуваат и прволигашите МЗТ, Куманово и Карпош Соколи, најголеми аспиранти за освојување на националниот куп и шампионат оваа сезона.

Шестото издание на турнирот посветен на покојниот претседател на кошаркарскиот клуб „Фени Индустри“ ќе се одржи наредниот викенд, 18. и 19 септември. во спортската сала „Јасмин“.

Во петок, според програмата, ќе се одиграат полуфиналните средби. Од 17 часот за првиот финалист ќе решаваат МЗТ Скопје и КК Куманово, а во второто полуфинале домашниот Фени Индустри ќе ги одмери силите со КК Карпош соколи. Во сабота ќе се одигра мечот за 3. место и финалето.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП