Темата на деветиот меѓународен стоматолошки симпозиум беше „Болката во орофацијалната регија“, за која говореа и свои предавања оддржаа професор доктор Кетиј Мехулиќ од Загреб, професор доктор Љубомир Тодоровиќ од Белград, доцент доктор Илијана Муратовска од Скопје, професор доктор Борис Величковски од Скопје и Ана Димитрова, претставник на компанијата „Алкалоид“ од Скопје.
Организациониот одбор на стоматолошкиот симпозиом во состав доктор Весна Чемерска - Попова, доктор Милан Камчев, доктор Жарко Георгиев и доктор Диме Цветков е задоволен и почестен што веќе девети пат по ред успешно го организира овој стручен настан токму во Кавадарци.
„Годинавме имавме посебна чест и задоволство симпозиумот да го поздрави претседателот на Стоматолошката комора на Македонија, професор доктор Владо Поповски, како и претседателот на Македонското стоматолошко друштво, професор доктор Соња Еленчевска - Апостолска. Се надеваме дека нашата добра организација, квалитетните теми и предавачи, гостопримливоста на кавадарчани, вклучително и на вработените во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, придонесоа сите учесници да си заминат со убави впечатоци од Кавадарци, и догодина пак да бидат дел од јубилејниот, десети по ред стоматолошки симпозиум „Тиквеш 2016“, рече меѓу другото доктор Весна Чемерска - Попова, која во име на целиот организациски одбор јавно ја искажа својата благодарност до компанијата „Кожувчанка ДОО“ и господинот Митко Јанчев, како и до градоначалникот Александар Панов кои несебично ја помагаат оваа манифестација неколку години наназад.
Годишното издание на стоматолошкиот симпозиум беше надополнет и со саемски дел во чии рамки своите производи ги претставија десет компании кои изложуваа стоматолошки материјали. / М.Д.
0 comments:
Post a Comment