За Јосифовска говореше нејзиониот колега Ликовниот уметник и директор на Домот на Културата Владимир Темков, кој подвлече дека ова наша сограѓанка, е во дилема како повеке да ја најави како педагог или уметник, таа е и двете, и затоа е успешно ги работи цел живот.Таа сеуште активно твори, но зад неа остави значајни дела во ликовната култура кај нас.Виолета Андова-претсдеателка на Собранието на пензионери говореше за животниот пат на Ружица Јосифовска, а вечерта со пријатни ноти ја збогатија ученици од Музичкото училиште од Кавадарци.
Славеничката Јосифовска не го криеше задоволството од посетеноста и интересот за нејзиониот ,,Опус на слики,,- нагласи дека ке твори се додека може. Впрочем таа поинаку и не може. Голем број од нејзините во семејството се познати уметнички имиња.
Ружица Јосифовска како ликовен уметник има организирано десеттина самостојни, како и петнаесеттина групни изложби, а нејзините слики ги красат амбиентите во нашата, но и во повеќе европски земји.
0 comments:
Post a Comment