Friday, September 18, 2015

СЕ ОДИГРА ПРВИОТ ПОЛУФИНАЛЕН МЕЧ ОД ТУРНИРОТ „ДИМИТАР ЃОРЃИЕВ“


Во првиот полуфинален меч на меморијалниот турнир „Димитар Ѓорѓиев“, кој се одржува во чест на поранешниот претседател на Фени Индустри, што практично беше и реприза на финаето од плеј-офот од лани, тимот на МЗТ Скопје славеше над тимот на Куманово со 83:76.

Стартот на мечот покажа дека ќе биде максимално израмнето до самиот финиш, иако конечниот резултат не го покажува тоа. Првата четвртина заврши 22:22, со тоа што ниту една од екипите не направи водство поголемо од 4 поени. Во вториот период МЗТ Скопје поведе со 7 поени, но кумановци во финишот на полувремето намалија на подносливи 41:38.

Во третиот период, и двете екипи се менуваа во водството, но никоја не се одлепи. Резултатската клацкалка продолжи и во четвртиот период се до резултат 76:76, кога Караџовски донесе израмнување. МЗТ покажа зошто е првак и со серија од 7:0 преку Симоновски и Буниќ ја обезбеди победата.

Најдобри кај победникот беа Дамјан Стојановски со 22 поени и Душко Буниќ со 17 поени, додека кај Куманово не играше Александар Костовски, а најмногу поени даде Вукашин Мандиќ, 21,додека Луковиќ имаше 14 поени. Во второто полуфинале ќе играат Фени Индутри и Карпош Соколи.

Извор: www.sport365.mk


0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП