Thursday, September 17, 2015

НЕМА ДА СЕ ДОЗВОЛИ ОТКУПУВАЧТЕ ДА МАНИПУЛИРААТ СО ЛОЗАРИТЕ

Директорот на Инспекторатот за земјоделство Румен Стаменов информираше дека инспекторите се постојано на терен, а винарските визби кои ќе се обидат да го откупуваат грозјето од лозарите по пониска цена ќе се соочат со клуч на врата.

Државата нема да дозволи никој да се поигрува со откупната цена на грозјето и трудот на лозарите. Вчера во Кавадарци инспекторите затвориле еден откупен пункт поради намалување на цената на шеќерните единици во состав на грозјето.

– Имаме откупни компании кои го користат начинот на плаќање со цел да ја намалат цената на грозјето и ветуваат дека ќе им платат на земјоделците за два до три дена и ја намалуваат цената на шеќерните единици. Тоа е спротивно на Законот за вино, кој јасно кажува дека цената објавена на почетокот на винската година, која е договорена за оваа година помеѓу производителите и откупувачите и објавена како официјална во сите откупни пунктови – 0,68 денари за сорта „вранец“ и 0,64 денари за сорта „смедеревка“ по шеќерна единица, не смее да биде намалена во текот на винската година, се до август следната година- вели Стаменов, пренесе Сител ТВ .

На почетокот на месецов лозарите и винариите ги договорија откупните цени за грозјето. Новина за производителите беше тоа што за поблагото грозје ќе добиваат повисока цена. Минималната цена за килограм Вранец со 19 шеќерни единици е 13 денари, а килограм Смедеревка со 17 шеќерни единици 11 денари. Во зависност од шеќерните единици цената може да се зголемува.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП