Вкупно 600 светилки ќе бидат заменети во сите села во Тиквешијата во рамки на втората фаза од проектот на општина Кавадарци за осовременување на уличното осветлување, изјави за МИА градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.
– Се работи за последната фаза поврзана со уличното осветлување во општина Кавадарци. Во првата фаза го опфативме целиот град , сега одиме кон сите селски месни заедници кои ќе бидат покриени со неонски светилки. Тие се многу поштедливи светилки од сегашните и се далеку потрајни. Сега сме на терен со околу 300 светилки, а да ја завршиме комплетно целата постапка ни требаат уште толку, а истите ни се планирани од парите од Светска банка. Овие се триста светилки од оперативниот буџет, соопшти градоначалникот.
Тој кажа дека прво се опфаќаат низинските села каде има и поголем број на население.
– Оваа година планираме да завршиме комплетно со реконструкција на уличното осветлување. Класичните да ги замениме со штедливи светилки и цела општина да ги ужива придобивките на лед, односно ненското осветлување што значи заштеда и подолг век на светилките, додаде тој.
Менувањето на светилките во градот , рече Панов, се покажа како доста ефективно, но и економски оправдано, бидејќи како што нагласи, општината сега плаќа пониска сметка за улично осветлување.
0 comments:
Post a Comment