Според договорот кој е во висина од 300.000 денари, компанијата „Дрекслермаер“ и спортската школа на јавното претпријатие спортска сала „Јасмин“ ќе им овозможат бесплатни тренинзи на младинските екипи во машка и женска категорија.
„Договорот со компанијата „Дрекслермаер“ ќе ни овозможи нас како спортска школа да им понудиме бесплатни тренинзи на членовите на младинската школа во кошарка во машка и женска конкуренција. Свесни сме дека во Кавадарци има многу таленти чии родители за жал сеуште не можат да им обезбедат финансии за непречено тренирање, па со овој потег на компанијата „Дрекслермаер“ ќе им помогнеме и на родителите и на децата“ - ни рече директорот на јавното претпријатие спортска сала „Јасмин“, Сашко Атанасов.
Благодетите од новиот договор идните кошаркари ќе ги почувствуваат веќе од 1 септември, кога и официјално започнуваат новите уписи во кошаркарската школа на јавното претпријатие Спортска сала „Јасмин“.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment