Продолжува големиот интерес од родителите за згрижување на нивните деца во градинка. Иста е состојбата во Кавадарци, Неготино и Росоман. Во градинката „Рада Поцева“ во просек има по 15 нови деца, а веќе се објавии листата со новозапишани дечиња. Листатата на која сеуште чекаат деца за упис е прилично долга. Над 200 деца чекаат да бидат примени во градинка. Од 1 септември во градинката „Фемо Кулаков“ во Неготино ќе претстојуваат вкупно 380 дечиња од кои 210 во едниот и 170 дечиња во другиот клон на градинката. Формирани се 18 групи од кои по 7 воспитни групи во двата клона, како и 4 јаслени групи распоредени по 2 во двете градинки.
Голем е интересот за згрижување на децата, потврдува директорката на градинката Весна Нацева, но поради лимитираните капацитети ќе се згрижат толку деца, колку што дозволува капацитетот за да се обезбеди непречено и пред се квалитетно одвивање на воспитно-образовниот процес.
И во градинката „Праскичка“ во Росоман е објавена листата со ново запишани дечиња. Оваа градинка работеше цело лето за да се задоволат потребите на родителите кои беа ангажирани во извршување на земјоделски работи.
Интересот за градинка посебно се зголеми по отворањето на германската фабрика „Дрекслмаер“ бидејќи многу мајки за прв пат го добија своето вработување и се појави потреба од згрижување./A.Д
0 comments:
Post a Comment