Физилошко оштетување на околу 30 до 80 проценти од цветните пупки е регистрирано кај кајсиите во кавадаречко, Росоман и росоманските села Манастирец, Паликура и Сирково, како резултат на променливото и нестабилно време во последните неколку дена, информираше попладнево Диме Златев од Кавадарци, магистер по земјоделски науки, со долгогодишно искуство во областа на земјоделството.
Тој нагласи дека оштетувањето е зависно од сортите на кајсии.
-Засега не гледам опасност од измрзнување на родните пупки кај виновите лози во тиквешките лозја и покрај тоа што вегетацијата е порано дваесетина дена во споредба со минатите години. Не е регистрирано оштетување и кај насадите со праски. Според прогнозите на синоптичарите се очекува нов бран на заладување околу 17 март и паѓање на температурите под нулата, што може да предизвика штети кај овошните насади, соопшти Златев.
Што се однесува до врнежите од дожд, нагласи тој, тие поволно ќе се одразат врз сите земјоделски култури.
0 comments:
Post a Comment