Friday, March 11, 2016

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЏЕБНИ КРАЖБИ И ИЗМАМИ ВРЗ ПЕНЗИОНЕРИТЕ



Превенција под мотото “ГРАДИМЕ ПРИЈАТЕЛСТВО-СОЗДАВАМЕ БЕЗБЕДНОСТ”, традиционално по осми пат, се случи вчера помеѓу кавадаречката полиција и здружението на пензионери. Оваа едукација беше оддржана со цел да се подигне степенот на заштита на пензионерите од џебни кражби и измами.


- Со овие едукативни трибини и средби, сакаме да ги запознаеме граѓаните од нашата општина, па и пошироката јавност, како да се заштитат, да ја препознаат намерата и да се одбранат од овој вид на криминалци, нагласи инспекторот за превенција Димитар Каракулев.



Освен предавање и едукативен дел, следуваше и оддржување на спортски турнир во шах, табла и пикадо, помеѓу пензионерите и припадниците на МВР од Кавадарци.



0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП