Saturday, March 12, 2016

ПАТОТ НЕПРООДЕН: УЛИЦАТА "КЛИНСКА" ПАРКИНГ ПРОСТОР ЗА РОМИТЕ



Реакциите од граѓаните на Брушанското маало во Кавадарци се се позачестени, а нивниот проблем со населението од ромската популација на овој дел од градот станува алармантен.

По исказите на граѓаните, на почетокот на улицата Клинска, ромското население остава разни колички и приколки на средината на улицата, со што патот е непрооден од овие “барикади”.

- Повеќе пати реагиравме и пријавивме во полицијската станица во Кавадарци, но од нивна страна ништо не беше превземено. Пред некој ден дојде и до вербална расправија, која заврши со физичка пресметка помеѓу луѓето кои секојдневно поминуваат по оваа улица и ромите кои улицата ја користат како паркинг простор за своите колички и разни приколки за собирање на шишиња, со што го блокираат патот, ни соопшти видно револтиран граѓанин кој живее на овој дел од градот.
Сликата што ја затекнавме во моментот е направена во утринските часови, по што бевме информирани дека попладне и навечер, патот е буквално непрооден.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП