Saturday, March 12, 2016

НАТПРЕВАР ЗА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД РЕЦИКЛИРАН МАТЕРИЈАЛ



Регионалното еколошко друштво „Еко-живот” од Кавадарци организира натпревар во изработка на уметнички дела од рециклиран материјал од страна на ученици, информираше денеска Роберто Паризов, претседател на друштвото.

– Натпреварот е начин својата умешност да ја претстават ученици од основните и средните училишта од неколку општини во Тиквешкиот регион кои патем учат и за материјалите кои можат да се рециклираат, како дрво, стакло, пластика и слично, појасни Паризов.

За најдобрите изработки следуваат пофалници и награди.

Паризов нагласи дека целта е да се подигне еколошката свест на едно повисоко ниво и затоа на натпреварот ги повика да учествуваат сите вистински вљубеници во природата и чистата и здрава животна средина.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП