Вчера во 5.40 часот на автопатот Скопје-Велес, кај Катланово се случила сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко повредено, извести МВР.
Според полицијата, „мерцедес“ со велешки таблици кој го управувал М.С. од Кавадарци, од засега непознати причини излетал од патот. Притоа, со тешки повреди се здобил 50-годишниот совозач С.З. кој е задржан на лекување на КАРИЛ во скопскиот ургентен центар.
0 comments:
Post a Comment