„Партерно се уредува овој простор кој најпрвин беше планиран за деловно трговски центар. Но, по реакциите на околните жители, се донесе одлука локацијата да биде искористена за одмор и рекреација граѓаните, како и за мини пазар во кој ќе пазаруваат кавадарчани кои живеат во овој нов дел на Кавадарци, информираа од општината.
Оттаму појаснија дека летниковецот е изграден со помош на средства од Вардарскиот плански регион. Партеното уредување ќе чини 1,5 милион денари. Уште толку се планира да се инвестираат во хортикултура. Во тек е тендерот за осветлување на овој простор и за изградба на мини пазар. За три до четири месеци овде ќе биде изграден мини пазарот за кој трезгите се веќе набавени.
Се работи и на други локации во општината, од локалната самоуправа најавија дека секој погоден момент ќе се користи за комунална изградба.
0 comments:
Post a Comment