Кога некој ќе ви побара совет, често најдобро нешто што можете да го направите е да им ги поставите вистинските прашања и така да им помогнете сами да дојдат до заклучокот.
А, што кога вам ви е потребен совет? Благодарение на книгата "Ако... прашања за играта на животот", ова е листата на прашања кои ќе ви помогнат да го ослободите умот.
1. Кога не би знаеле колку години имате, колку би си дале сами на себе?
2. На крајот на животот, дали би сакале повеќе да сте зборувале, повеќе да сте правеле?
3. Кога просечниот човечки живот би бил само 40 години, што би направиле поинаку?
4. Ако среќата е пари, што би ве збогатило?
5. Дали попрво би ги направиле правилните работи или би ги правеле работите правилно?
6. Што е подобро: мрзливец, загрижен гение или среќен идиот?
7. Дали повеќе би сакале да го изгубите своето сеќавање или повеќе да не можете да создавате сеќавања.
8. Можете ли да ја поднесете вистината, а да не ја оспорувате?
9. Дали некогаш навистина сте се соочиле со вашиот најголем страв? Ако не - зошто е тоа вашиот најголем страв?
10. Дали сте само живи или навистина го живеете животот?
11. Што правевте денес, а навистина да вреди да се сеќавате на тоа?
12. Дали го работите она во што верувате или едноставно само го работите?
13. Колку всушност го контролирате сопствениот живот?
14. Кога би можеле некому да му дадете само еден совет, кој би бил тој?
15. Дали гледате линија меѓу лудилото и креативноста?
16. Кога би можеле да промените една работа во светот, што би било тоа?
17. Дали би се одрекле од десет години во животот, во замена за атрактивност и слава?
18. Дали повеќе сакате кога имате помалку или повеќе работа, ако ја работите работата која ја сакате?
19. Дали понекогаш имате чувство дека од почеток живеете еден ист ден?
20. Ако учиме од грешките, поради што се плашиме да грешиме?
21. Како е можно она што ве усреќува, да не значи и среќа за другите?
22. Зошто сте вие - вие?
23. Што би направиле поинаку кога би знаеле дека нема никој да ве осудува?
24. Што навистина сакате во животот?
25. Дали одлуките кои сега ги носите влијаат на вас или некој друг?
26. Кога би знаеле дека умирате, како би живееле?
27. Што е полошо - да не успеете или никогаш да не пробате?
28. За што се држите грчевито, а морате го "пуштите"?
29. Дали нешто што ве вознемирувало пред десет години сега е важно? Зошто?
30. Ако не сега, кога?
0 comments:
Post a Comment