Во росоманското село Паликура вчера попладне е пронајдено починато 50-годишно лице во дворот од семејната куќа, потврди утрово Деана Недељковиќ, од Секторот за односи со јавност и протокол при МВР.
Како што информира Недељковиќ, по наредба на јавен обвинител, а поради утврдување на причината за смртта, телото на лицето со иницијали Б.А. било дадено во Судска медицина за обдукција.
- Вчера околу 17 часот во Полициската станица-Кавадарци било пријавено дека во дворот на семејната куќа во селото Паликура било пронајдено починато лице. Смртта ја констатирал лекар од Здравствен дом-Кавадарци, а според првичните информации, немало видливи траги на насилство. Сепак, причината за смртта ќе ја покаже обдукцијата, нагласи Недељковиќ.
Увидна екипа на СВР-Велес и јавен обвинител од Велес извршиле увид на самото место.
0 comments:
Post a Comment