Отсекот за превенција при полицијската станица од општа надлежност Кавадарци во соработка со Општинскиот Совет против малоплетничко престапништво, започнаа со реализирање на едукативни трибини во основните и средните училишта во Кавадарци и Росоман на тема ”Кажете НЕ на дрогите”.
Првата едукативна трибина беше оддржана во ООУ „Димката Ангелов-Габерот“ во Ваташа.
Покрај презентацијата на оваа тема, за оваа прилика изработени се и пишувани пораки, со кои младите им порачуваат на своите другарчиња да кажат одречно “НЕ ЗА ДРОГИТЕ”.
Инспекторот по превенција Димитар Каракулев, истакна дека оваа акција на одделението за превентива при кавадаречката полиција под покровителство на општината, интензивно ќе се спроведува во наредните денови при што ќе бидат опфатени сите образовни институции во Кавадарци.
0 comments:
Post a Comment