-Непознати вандали фрлале со камења на куќарката каде се поставени термометрите. Денешниот вандалски чин е само еден од низата кон овој објект лоциран позади СОУ „Ќиро Спанџов Брко“, информираа од општината.
Одговорниот метеоролог, Доне Илов, вработен во локалната самоуправа, изјави дека оштетувањето е направено денеска напладне, бидејќи изутрината пред 7:00 часот тој бил во метеоролошката станица да ја отчитува температурата.
-Кога повторно бев да ја отчитам температурата во 13 часот, имаше што да видам. Со камења целосно се искршени термометрите и куќарката каде се поставени. Случајот веднаш го пријавивме во полиција, рече Илов.
Тој нагласи дека во наредните денови додека не се заменат искршените мерни инструменти, во Кавадарци нема да може да се мери температура и останати метеоролошки податоци.
-За среќа вандалите не ја оштетиле дигиталната метеоролошка станица. Постојат сомневања дека овој вандалски чин е дело на неодговорни ученици кои оделе или си заминувале од училиште. Инаку досега неколку пати на истата локација се врши вандалско оштетување на јавното осветлување, а ова е прв пат недоветните да удрат по инструментите во станицата. За случајот се води истрага по што ќе има повеке детали, информираа од општината.

0 comments:
Post a Comment