Не често се гледаат добивки од ваков тип кога е во прашање спортското обложување. Но, Македонец од Скопје со вкупен влог од 100 евра минатиот викенд на пет тикети добил повеќе од 160.000 евра.
Како што објави денеска обложувалницата „Моцарт“, каде се уплатени тикетите, се работи за најголема добивка во спортско обложување во историјата во Македонија, и меѓу најголемите во регионот!
Добивката е остварена на вкупно пет тикети. Пет исти типови одиграл на четири тикети, а само на еден го избегнал мечот Астон Вила Манчестер сити. На останатите тикети, иако ги погодил сите типови играл системи.
За да биде драмата на добивката и тоа како големо, се погрижил натпреварот Сасуоло – Рома кој го играл на победа на гостинот во секое од двете полувремиња. Откако Рома имаше предност на полувремето, Сасуоло во 88. минута не реализираше пенал, а гостите со играч помалку дури во четвртата минута од судиското продолжение преку Стефан Ел Шарави постигнаа уште еден гол за конечна победа од 0-2 (0-1), што дефинитивно ја донесе неверојатната добивка од 160.000 евра.
Извор: ЕКИПА
0 comments:
Post a Comment