Спортското планинарско друштво „Орле" од Кавадарци денеска го организира искачувањето „Февруарски поход” на планината Кожуф во чест на славниот Февруарски поход од историјата на македонскиот народ.
- Ова е една од нашите редовни планинарски акции со кои оддаваме почит на нашите херои од Народноослободителната војска на Македонија, кои во февруари 1944 година извршиле неколку оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија, вели претседателот на друштвото, Никола Минчоров.
Учесниците во „Февруарскиот поход“ кои се од најразлична возраст, најпрво со организиран превоз од Кавадарци заминаа до месноста Мушов гроб. Крајната цел е одморалиштето Михајлово во срцето на Кожуф.
Друштвото кое постои 55 години и кое е омилено за дружење за голем број љубители на природата, најавува уште многу други планинарски акции во земјава и странство.
0 comments:
Post a Comment