Жителка на Росоман, вчера во полициската станица во Кавадарци го пријавила за исчезнат својот 78-годишен свекор Б.А., кој пред четири дена со такси-возило заминал кон болницата во Велес и оттогаш му се губи секаква трага.
Според досегашните сознанија на полицијата, во Градско, Б.А., на свое барање, се симнал од возилото и му кажал на таксистот дека ќе оди на гости во Градско, кај неговата внука. Оттогаш му се губи трагата.
Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаѓање на лицето.
0 comments:
Post a Comment