Wednesday, February 17, 2016

20 СМЕШНИ ВИСТИНИ ЗА РАКИЈАТА



  1. Не си вистински Кавадарчанец ако во фрижидерот немаш брендирано шише од виски, полно со домашна ракија. 
  2. Ако на шишето од „Фанта“ има капаче од „Кока-Кола“, значи во шишето има ракија! 
  3. Празно шише ракија е како празен градник… Најдобро го нема внатре. 
  4. И психијатар може да помогне, но со ракија е поевтино. 
  5. Разликата меѓу човекот и животното е 500 грама ракија. 
  6. Секс телефон за алкохоличари: Бавно ја вадам ракијата од фрижидерот… 
  7. Ако сакаш некој човек, дај му слобода. Ако и тој те сака, на враќање ќе ти донесе ракија. 
  8. Мажот е најсконцентриран кога претура ракија од бочва во мало шишенце… 
  9. А сега да поработиме на твојата убавина – додека ти се шминкаш, јас ќе се напијам една ракија! 
  10. Патриотот секогаш е подготвен да ја заштити својата татковина, вооружен со ракија, салата и далечинскиот управувач од телевизорот. 
  11. Народна мудрост: Ако не може да биде излекувано со ракија, сигурно е неизлечливо. 
  12. Злоупотреба на алкохол е кога со ракија се дезинфицираат рани и се бришат прозорци. 
  13. Маж во аптека: Имате ли апчиња за глава кои се пијат со ракија? 
  14. Денес научив што е тоа домашно шампањско – мажот пие ракија, а жената врие! 
  15. Истурив ракија врз тастатурата и сега, што и да стиснам пишува четири големи букви: УШТЕ! 
  16. Јас лично си инвестирам пари во ракија. Каде на друго место можеш да добиеш 40%? 
  17. Да се ​​пие по една ракија вечер не е само корисно, но и малку… 
  18. Понекогаш толку ме мрзи да си правам кафе, така што директно си ставам ракија… 
  19. Продавачката: Што сакате?
    Тој: ракија и пиво, ама сега дојдов по леб! 
  20. Која е разликата помеѓу Кавадарчанец и Германец?
    – Кога ќе испие две пива Германецот преминува на „ти“, а Кавадарчанецот – на ракија…

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП