Четириесет средношколци од СОУ „Добри Даскалов“ од Кавадарци од вчера до 24 ноември ќе бидат на интеркултурна размена во Детското Село Песталоци во Троген, Швајцарија, во чии рамки, преку различни активности, треба да им се овозможи на младите да научат за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, различните вредности и толеранцијата помеѓу децата и младите со различни култури.
Во Детското Село во Троген, учениците ќе живеат заедно во две куќи за целиот период на размената, ќе посетуваат курсеви за интеркултурно образование и детски права и ќе имаат интеркултурна размена со друга група нивни врсници од Молдавија.
0 comments:
Post a Comment