Wednesday, November 11, 2015

ЖЕНИТЕ СО КАРАНИЦИТЕ ИМ ГО СКРАТУВААТ ЖИВОТОТ НА МАЖИТЕ


Науката застана на страната на мажите со тврдењето дека заради караниците со сопругите, живеат пократко.

Истражувањето спроведено во Данска кое опфатило 9.857 лица на возраст од 36 до 52 години, покажува дека, постои зголемена стапка на смртност на мажите во врска или бракови во кои постојат чести конфликти, кои ги предизвикуваат жените.

Од стрес, починале 315 мажи за кои се претпоставува дека, настанал заради караница со партнерката. Истражувањето покажало дека заради незадоволството од заедничкиот живот кај мажите во средни години, дури трипати е зголемен ризикот од смрт.

-Мажите за разлика од жените, имаат помалку луѓе со кои можат да ги споделат своите грижи. Разговорите кои се од доверба за приватни теми ги прават со неколку пријатели или членови на семејството, а има мажи кои никогаш за тоа не разговараат. Тоа е една од причините за зголемена смртност кај мажите – се вели во истражувањето.

На мажите партнерката е единствена личност на која сакаат да и се доверат. Кога таа ќе стане глвна причина за грижа и нервирање, мажите стануваат депресивни, а тоа може да биде погубно за нивното здравје.

Извор: мама365.мк

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП