Фени индустри стигна до втората значајна победа на стартот од кошаркарската сезона, откако по победата над Куманово на стартот, кавадарчани вечерва славеа и на гостувањето против Кожув со резултат 46-61. Избраниците на Љупчо Малинков целата работа ја завршија со извонредното прво полувреме, во кое си создадоа одлична предност што знаеја како да ја задржат до самиот крај.
На спротивната страна, домашниот тим упорно инсистираше на шутеви од далечина, а слабата ефикасност на избраниците на Боби Митев (2/22 за тројка) им го донесе и првиот пораз.
Фени индустри го отвори мечот со серија од 0-9, предност што ја одржуваше до крајот на првата четвртина (10-18). Гостите не застанаа, туку продолжија да доминираат и во текот на вторите 10 минути, па на одмор заминаа со убедливи седумнаесет поени разлика (24-41).

Кожув заигра подобра одбрана и во третата четвртина прими само осум поени, но слабата ефикасност ги оневозможи домаќините целосно да се вратат во мечот. Последните десет минути минаа во бројни промашени напади и на двата тима, развој на настаните што повеќе им одговараше на гостите, кои стигнаа до заслужена победа.
Кире Николовски и Враговиќ со по 14 поени беа единствените двајца кошаркари на Фени со двоцифрен ефект во Гевгелија, додека најпрецизни кај Кожув беа Варда со 13 и Пен со 11 поени.
Кире Николовски и Враговиќ со по 14 поени беа единствените двајца кошаркари на Фени со двоцифрен ефект во Гевгелија, додека најпрецизни кај Кожув беа Варда со 13 и Пен со 11 поени.
Извор: ЕКИПА.мк
0 comments:
Post a Comment