Saturday, October 17, 2015

КАВАДАРЕЧКИОТ ТЕАТАР Е ПОДГОТВЕН ЗА ПРЕМИЕРАТА НА „ЖЕНИДБА“


Најиграната комедија на сите времиња, безвременската „Женидба“ на големиот руски автор Николај Васиљевич Гогољ во вторник, 20 октомври, премиерно ќе биде поставена на сцената на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“.



Работејќи на последните финеси пред премиерата закажана за во вторник, познатиот македонски режисер Драган Вељановски со нескриено задоволство на лицето најавува дека кавадаречката публика ја очекува вистинско театарско уживање.

„Иако се работи за најиграната комедија на сите времиња во светски рамки, секое остварување е посебно, па така ќе биде и со ова. Работевме напорно, сега доработуваме мали, ситни детали, но генерално подготвени сме за премиерата. Сигурен сум дека имаме одлична претстава која верувам долго време ќе остане на репертоарот на кавадаречкиот театар“ - вели во својата изјава режисерот Драган Вељановски.

Во продолжение од разговорот, Вељановски упати и јавна пофалба до актерската екипа која го носи целиот проект.

„Иако воглавно се работи за аматерска театарска постава, сепак со целото мое долгогодишно искуство можам да кажам дека ова е најдобриот аматерски театар во Македонија. Покрај професионалноста, помеѓу сите нас во изминатиот период создадовме една посебна хемија која на претставата и дава посебна димензија и која публиката ќе ја препознае“ - дополни Вељановски.

Во исчекување на премиерата е и директорот на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, Владимир Темков.

„Традицијата секоја сезона да поставуваме нова театарска претстава продолжува. Веќе имаме десетина хит претстави, па останува уште да се оствари една моја дамнешна желба, да направиме неделен репертоар со што дефинитивно ќе ја потврдиме успешноста на кавадаречкиот театар“ - заврши Темков.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП