Tuesday, October 6, 2015

ПРЕМИЕРНО: НЕОБЈАВЕНАТА ПЕСНА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ (ВИДЕО)

Оваа нумера била наменета за панк-операта „Дом за бесење“ на Емир Кустурица


Како што беше најавено, синоќа беше промовирана новата песна на музичката легенда Тоше Проески. Станува збор за песна испеана на ромски јазик насловена како „Ефта пуране иконе“.


Оваа нумера била наменета за панк-операта „Дом за бесење“ на Емир Кустурица.

- Тоше остави многу композиции зад себе, отпеани на неколку јазици, кои треба да ја здогледаат светлината на денот. Работиме чекор по чекор и се обидуваме за секој значаен настан поврзан со неговата кариера и живот да ги израдуваме многубројните фанови со нов проект. Од неговото богато творештво за оваа пригода се решивме да ја претставиме темата „Евта пуране иконе“, која ја отпеа на ромски јазик за потребите на панк-операта „Дом за бесење“ на Емир Kустурица, за која реализиравме и спот со необјавени снимки на Тоше - изјавија од фондацијата.

Слушнете ја новата песна за која има и видеоспот:



Извор: Телеграф.мк

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП