Од очекуваните 150 до 180 милиони килограми винско грозје досега се откупени скоро 60 проценти од родот.
Според Државниот инспекторат за земјоделство, откупот се врши на вкупно 94 пунктови, а исплатата е согласно законот и шеќерните единици.
Вранецот со 19 шеќерни единици се плаќа по 13 денари, додека смедеревката со 17 шеќерни единици 11 денари за килограм.
Доколку лозарите сметаат дека има неправилности во количествата и проценката можат да го пријават во инспекторатот.
0 comments:
Post a Comment