Tuesday, October 6, 2015

ПРЕМИУМ ПАРТНЕРСТВО ЗА СИНАЛКО - КАВАДАРЦИ


Деновиве во Кавадарци во работна посета беше генералниот директор на Синалко Интернационал Монги Гунди.Со преставниоците на ова светска компанија и реномиран бренд ги посетија капацитетите на главниот производител дистрибутер и застапник за Македонија на Синалко пијалаците.Притоа тие изаразија големо задоволство од досегашната работа на компанијата Кожувчанка која успешно ја развива приказната на Синалко која трае многу години.

-После три години во посета на Синалко и Кожувчанка и на Кавададарци дојде генералниот менаџер на Синалко Интернационал. Продискутиравме за некои работи поврзани со развојот на Кавадарци и Синалко пред три годинии и денеска. Директорот ме запозна со неговите планови посебно за влез на други пазари. Нашето Синалко е веке присутно на Црногорскиот пазар. Ова подршка која директорот и ја дава нашата Регионалан стопанска комора и директорот на Кожувчанка и Синалко на господинот Митко Јанчев е комплимент и за мене затоа што ова фирма и Јанчев се дел од Кавадарци. Разговаравме и за неколку други теми кои имат за цел продлабочување и унапредување на нивниот бизнис тука и надвор од Македонија, рече градоначалникот Александар Панов, кој вчера имаше средба со Монги Гунди главниот преставник на брендот Синалко.

Генералниот директор и менаџер на Синалко и Кожувчанка, Митко Јанчев вели дека Синалко како секоја година и сега се стреми кон поквалитетни но и нови производи. Ова посета на генералниот менаџер на Синалко е од многу важен карактер.
-По три години нашата фирма добива посебни привилегии во фамилијата на Синалко Интернационал .Конкретно сега се здобиваме со статус на премиум партнерство. Се надеваме ќе продолжиме со тенденцијата на пораст и развивање на нови видици, додава Јанчев.
Генераниот директор на Синалко - Интернационал Монги Гунди вели дека во компанијата се задоволни од соработката со Синалко Македонија. При посетата со тимот кој го предводи се запознале со прогресот во компанијата Кожувчанка и Синалко во Кавадарци.

Пишува: М.Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП