Со лажни документи добиени од Стопанската комора и без проверка од инспекторот на граничниот премин Ново Село комапнијата „Таурус Фармс“ успеала овошјето и зеленчукот да ги пласира на руски тезги во период кога Москва го забрани увозот од земјите членки на ЕУ, како одговор на санкциите од западот.
Извозникот со помош на соизвршителите добил 130 сертификати за потекло. Во период од август до ноември минатата година компанијата успеала противправно да заработи над 200 илјади евра.
Двајцата вработени во Стопанската комора ќе одговараат за несовесно работење во службата поради издавањето на сертификатите за потекло, фитосанитарниот инспектор за злоупотреба на службената положба, а вработената во „Таурус Фармс“ за соизвршителство.
Извор: РЕПУБЛИКА.мк
0 comments:
Post a Comment