Од полициска станица со општа надлежност Кавадарци информираат дека претстојниот викенд (сабота и недела) со почеток од 8 часот на Витачево, поточно во непосредна близина на контролната станица на Шумското стопанство „Бор“ Кавадарци, од страна на полицијата ќе се спроведе испукување на огнено оружје.
Оваа активност е обврска од имплементирањето на законот за оружје.
Граѓаните во овој период кога ќе се изведува гаѓањето се препорачува да не се движат во овој предел како не би дошло до несакани последици - се вели во соопштението од ПС ОН Кавадарци.
0 comments:
Post a Comment