Thursday, October 1, 2015

ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА НА СМЕТКА НА ЛОЗАРИТЕ


Додека лозарите мака мачат да ја приберат овогодишната реколта и бербата е сеуште во тек, сведоци сме на безброј партиски "препукувања", на сметка на лозарите.



Вчера на прес конференција излезе Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарци, каде што нагласи дека најквалитетното грозје, кратошијата ни ја земаат и по 8 денари за килограм. Тоа е 5 денари помалку од загарантираната цена. Ова го прават со кражба при проценките.
Бидејки исплатата оди по шеќерни единици, со наштимани ваги, небаждарени широмери, го спуштаат квалитетот на грозјето. Дури и да успее некој да се договори да ја добие загарантираната цена, таа противзаконски се намалува за исплата веднаш. Од 13 на 12 денари за Кратошијата. Од 11 на 10 денари за Смедеревката. Владата тврди дека ќе го казни оној кој ќе ја намали откупната цена. Но тоа е лага. Не го прават тоа, напротив, го дозволуваат, изстакна Ѓорѓиев.

Денес на прес конференција се огласи и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, кои реагираа на обвинувањата изнесени на вчерашната прес конференција од ОО на СДСМ Кавадарци околу состојбите во лозарството.

"СДСМ е партија која лозарите ги множеше со нула. СДСМ е партија што за лозарите не даваше ниту еден денар субвенции и никогаш не разговараше со лозарите. СДСМ е партија што со потсмев ги гледа лозарите, а со лицемерен однос настапува секогаш кон нив. Токму оваа прес-конференција на СДСМ е пример за лицемерието на СДСМ кон лозарите и тоа го знаат сите лозари од Повардарието. Наспроти нивниот лицемерен и неискрен однос, ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден е искрен подржувач на лозарите. Оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе Закон за вино со кој се регулира процесот на откупот на винското грозје, заштитата на лозарите, интересите на потрошувачите, контролата на производството на вино и стие останати сегменти во винскиот сектор, кои СДСМ намерно ги немаше уредено", наведоа од партијата.

Извор на прес конфернеција: КТВ и ЛИБЕРТАС

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП