Во продолжение од својата изјава, Шиков во името на целиот тим му искажа поддршка на Аријан Адеми. „Веста за Адеми не шокираше, но ја има максималната поддршка од секој од нас. Се надеваме дека вториот тест ќе биде негативен затоа што сите ние знаеме кој е Аријан. Како и да е, сите играчи сме максимално подготвени и ако одиграме како против Шпанија, еден за сите и сите за еден, можеме да дојдеме до позитивен резултат против Украина“ - заврши Шиков.
Поддршката за Адеми ја искажа и Петровиќ кој пред неколку години го имаше истото искуство. Но, според Петровиќ тоа дополнително ја зголемува мотивацијата во тимот. „Мотивацијата не треба да се доведе во прашање, на секој фудбалер треба да му претставува посебна чест што игра за репрезентацијата. Ќе одиграме максимално, со надеж дека ќе го поправиме финалниот впечаток и местото на табелата“ - потенцираше големиот борец од средината на теренот.
Покрај Шиков и Петровиќ, кавадаречкото репрезентативно трио за дуелот против Украина го комплетира и стоперот Даниел Мојсов.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment