Friday, October 9, 2015

ВО НОВИОТ СПОТ НА КАЛИОПИ, ПО ДОЛГИ ГОДИНИ СЕ ПОЈАВУВА И РОМЕО ГРИЛ


Ромео, поранешниот сопруг на Калиопи и нејзин долгогодишен соработник, со кој ја почна кариерата и со кој соработува повторно во неколкуте последни години, е комплетен автор на песната „Јутро“, која сега за сега има само српска верзија. Тие ја обновија соработката со учеството на Евровизија во 2012 година, по што следуваше албумот „Мелем“ кој по мерило на многумина од еснафот е мастерпис на кариерата на Калиопи, пишува „Вистина.мк“.


Песната „Јутро“ е веќе трета нова песна која Калиопи ја издава годинава, секоја повторно во соработка со Ромео, и сето тоа навестува дека албумот е многу блиску.

Спотот е сниман во Македонија, песната е прекрасна, како и сите на Калиопи, слушнете ја и уживајте!



Извор: ФОКС

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП