Грижата кај граѓаните беше за евентуалните последици кои ќе им донесат обилните врнежи.
Инаку дождот со послаб интензитет паѓа последните 24 часа, а синоќа го имаа својот врв.
Покрај силниот дожд и ветерот кој беше исклучително силен на места ги откри и прокисна покриви и направи други помали штети.
Како што не информира Доне Илов од Метеоролошката станица во Кавадарци, најголемата количина влада падна синоќа. Според мерењата таа изнесува 60 литри на метар квадратен.
Засега немаме информации за евентуални штети, меѓутоа според сликата на терен, на места по улиците водената буица донела земја и песок, реката Луда Мара донела камења од горниот тек. Поради тоа сите земјоделски работи се прекинати.
Во Македонија најмногу дожд наврнал во Пожаране, 100 литри на метар квадратен во, 99 Крушево, 90 Охрид, 87 Претор, 82 Тополчани и Тетово, 78 Ѓуриште и Прилеп, 77 Гевгелија, 71 Скопје, З Рид, 70 Маврово и Берово, 69 Куманово и Лазарополе, 68 Ѓуриште, Крива Паланка, 67 Скопје Петровец, 63 Виница, 60 Штип и Струмица, 58 Дојран, 52 Битола, 44 Пожар, 34 Демир Капија.
Инаку за утре во Кавадарци се најавува слаб дожд а од вторник ке настапи стабилизација на времето со пораст на температурата која ке достигне до 22 степени.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment