Делегација на Советот на Општина Кавадарци, предводена од градоначалникот Александар Панов, во чест на големиот македонски државен празник 11-ти Октомври, денеска положија цвеќе пред споменикот на слободата и револуцијата на градскиот плоштад.
Празнувањето на 11-ти Октомври, Денот на народното востание и оваа година нe навраќа на големата борба со која беше навестен крајот на фашистичкиот период и конечно ослободување на Македонија, а памтењето и празнувањето на ваквите денови служи како потсетник на моментите од историјата во кои кога е најтешко, но и најпотребно, нашиот народ демонстрира неизмерна храброст и истрајност.
0 comments:
Post a Comment