Friday, September 18, 2015

АНТОНИЈА ШОЛА ВО ЉУБОВ СО БИВШИОТ НА СЕВЕРИНА

Хрватската пејачка и актерка Антонија Шола е во врска со поранешниот свршеник на Северина. Bизнисменот Славко Шаиновиќ од Ријека, две години беше во врска со Северина, па поранешната двојка дури почна да гради и заедничка куќа.

Но, Северина во меѓувреме го запозна српскиот милионер Милан Поповиќ и ја раскина свршувачката со Славко.
Антонија за хрватските медиуми ја потврдила врската со Славко, не криејќи колку е среќна со него.

- Се движевме во исто друштво, а од ова лето сме во врска. Убаво ни е, уживаме во љубовта, а деталите ги чуваме за себ– изјавила Шола.

Антонија живее во Загреб, а Славко во Ријека но тоа не им претставува никаков проблем за нивната врска. Инаку Антонија пред 4. години беше во врска со постариот син на македонскиот пратеник Нано Ружин, Александар Ружин со кој беа и свршени.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП