Домаќинот Фени Индустри загуби минимално во една драматична завршница од Карпош Соколи со 74:75.
Популарните „соколи„ фуриозно стартуваа со серија од 0:10, но возврати кавадаречкиот клуб на ист начин и имаше водство од 13:10. Ивеља со една успешна тројка во дресот на Фени го постави конечниот епилог по првата четвртина (16:15).
Успешен старт имаа кавадарчани, постигнаа вкупно девет, а неговиот ривал реализираше само два за плус осум (25:17). Карпош не се предаваше, се врати на минус еден после тројката на Шепа по пет минути игра во втората делница, а потоа и повторно да поведат пред паузата (32:33), но Фени успеа со 38:36 да го заврши првото полувреме во своја корист.
Одлична трета четвртина имаше Фени која ја освои со 25:18, Самарџиев се погрижи за плус девет (63:54), а на стартот од последната четвртина имаа и дури и двоцифрена предност (65:54). Но, потоа следуваше нивни голем пад во играта, секоја неискористена акција ја казнуваше Карпош кој се врати во игра на само минус еден (71:70) после реализираните слободни фрлања на Пенов. На неполни две минути до крајот Фени реализираше поени преку Враговиќ, а Соколов се погрижи за израмнување и возбудлива завршница.
Тубак беше фаулиран на 18 секунди до крајот, реализираше едно од двете слободни фрлања за 74:73 за Фени, на спротивната страна фаулиран беше Готлик кој двапати беше прецизен од слободните фрлања. Фени имаше уште еден напад за евентуална победа, но Николов не реализираше еден шут од далечина.
Казановски имаше 17 поени кај победникот, а за поразените 21 имаше Враговиќ.
Мечот за третото место ќе се одигра в сабота од 17:00 часот, а средбата МЗТ-Карпош Соколи за првото место два часа подоцна.
Автор: Фидан Коминовски
Извор: www.sport365.mk
0 comments:
Post a Comment