Saturday, September 19, 2015

ЦЕЦА СО 32.000 ЕВРА ЌЕ ЈА БИСТРИ МАТНАТА ПАСТРМАЛИЈАДА

На старата локација, но со нови ветувања дека нема да се повторат минатогодишните проблеми и пропусти, почнува уште едно издание на Штипската пастрмалијада.



Манипулациите што го одбелжаа минатогодишното издание и кои кулминираа и со кривична пријава за првиот човек на здружението „Пастамалијада 2013“ беа ставени под тепих, а организацијата оваа година ја добија угостителите, коишто се обединија во „неформална група“.

Името на манифестацијата Штипска Пастрмалијада го извалка истрагата за проневера на пари на финасиската полиција, која поднесе пријава до Основното јавно обвинителство. Претседателот на здружението „Пастрмалијада 2013“, кое неколку години ја организираше манифестацијата е под истрага за злоупотреба на службената положба под сомнение за проневера на пари од Пастрмалијадата во 2013-та и 2014-та година.
Според пријавата на СВР Штип до Основното јавно обвинителство, „пријавениот А.Ѓ. во периодот од 11.09.2013 година, заклучно со месец октомври 2014 година, како одговорно лице, Претседател на здружение на граѓани „Пастрамалијада 2013“ Штип и овластено лице во правниот промет, ја искористил службената положба и овластување и без донесување на писмени одлуки од страна на органите на здружението, незаконски потрошил вкупно 2.718.805 денари по различни основи.

Неофицијално, и по една година од поднесувањето, Обвинителството се’ уште работи на предметот за кој е наложено вештачење. Работата на вештакот била ископлицирана од постоењето на фактури со кои плаќале угостителите и останатите, но не и фактури за влез на парите во општината. За ова побаравме и официјална информација од Основното јавно обвинителство од Штип.

Општината веднаш по поднесувањето на пријавата се огради од ланската организација на манифестацијата и од работата на Здруижението, иако на сите промотивни настани и прес конференции општината Штип ја преставуваше како своја, општинска манифестација. Како таква стои и официјално, во програмата за работа на Одделението за Локален економски развој, прифатена од Советот на општината Штип.

Со цел да се избегнат нови скандали, оваа година организацијата зад која јавно застанаа општината Штип, парите во општинскиот буџет влегуваат преку формата спонзорство. Трите големи спонзори имаат обврска да ги платат пејачите. Колку точно, никој не кажува. Неофицијално, Оаза- преку Скопско плаќа 32.000 евра за настапот на српската пејачка Цеца. 11.000 евра дава Тиквеш за Жељко Самарџиќ. Настапот на Калиопи е на сметка на општината. Брилијант според договорот кој гласи - финансиска поддршка на општината за реализација на манифестацијата „Пастрамалијада 2015“, треба да уплати 10.000 евра .

Спонзорите ја поддржуваат манифестацијата преку спонзорство, на име спонзорство и сите угостители учесници на Пастрмалијата, мораа да уплатат по 15.000 денари.

Во целата организација како и во изминатите 2-3 години, спорна е правната форма на трошењето на пари. Оваа година се чини, општината само ќе профитира.

Советниците од опозицијата тврдат дека Советот на општината Штип, кој ги аминува сите општински одлуки, нема усвоено никаква одлука за ништо врзано со Пастрмалијадата. Дури, за прогрмата дознале од медиумите. За минатогодишната организација нема доставено извештај, ниту пак за оваа имаат разговарано за евентуално одвојување на средства од општинскиот буџет, како што налага законот. До ден денешен, според советничката група на СДСМ, нема одговор на прашањето за тоа како се потрошени парите што општината ги заработи од ланската Пастрмалијада.

Инаку ако на минатогодишното издание на пастмалијадата учествуваа над 40 штандови, меѓу кои и пиљари и цвеќари, оваа година, според „угостителите-организатори, свои штандови ќе имаат 23 угостители, а свои штандови имаат главниот спонзор Скопско,како и другите големи спонзори Тиквеш, Брилијант, Делвина.

Оваа година година за да му се угоди на главниот спонзор, бината е насочена кон неговиот штанд а не кон публиката и штандовите на останатите учесници на Пастрмалијадата.

Меѓу угостителите и оваа година, не се најдоа некои од познатите угостителски имиња. Некои од нив своето отсуство од манифестацијата го оправдуваат со немањето доволно кадар, некои не наведуваат никакви причини а други пак ја потенцираат нетранспарентноста на организација водена и утврдена од минатата година.Дали во позадина се крие некоја друга причина, кога општо е познато дека на пастмалијадата добро се заработува.

Сите угостители кои што учествуваат на овогодишното издание на Пастрмалијада добија по 70м/квадратни. Повеќе штадови добија главните спонзори, а некои од нив ги издадоа на штипски кафулиња кои што немаат допирни точки со правење пастрмајлии.

Фолкери од поранешната ЈУ сцена и оваа година ќе бидат главниот адут на Пастрмалијадата. Според образложението на организаторите тоа било гаранција за добра посетеност и се разбира добра заработувачка. Македонската сцена и македонските музички ѕвезди, сите општини ги заобиколуваат и оставаат за некоја друга, „патриотска прилика“, во овој случај важна била заработувачката.

Извор: www.kanal77.com.mk

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП