Monday, September 21, 2015

КАВАДАРЕЧКИ „УРБАНИ СЦЕНСКИ МОСТОВИ“ ВО ГОСТИВАР

Во организација на Центарот за култура “АСНОМ“ од Гостивар и Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, во саботата, на 19 септември 2015 година, во готиварскиот Центар за култура се одржа првата манифестација “Урбани сценски мостови“ на која заеднички се претставија, поети, ликовни уметници, музичари и актери од Кавадарци и Гостивар.



Меѓу другите од Кавадарци учествуваа поетите Цветанка Колева, Тодорка Андова, Надица Тренчева и Марјан Тодоровски (се прочитаа песни и од Вероника Костадинова, Милка Миндева, Душко Стефанов, Ѓоко Колев Бејбис и Томе Андов), ликовните уметници Владимир Темков и Трајче Јованов, актерот Александар Малинков и младиот музичар Ване Коцев.


Финалето на ова успешно прво издание на “Урбани сценски мостови“ беше отворањето на самостојна изложба на познатиот кавадаречки ликовен уметник Владимир Темков.

Наскоро во Кавадарци, во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2015“ ќе се одржи второто издание на “Урбани сценски мостови".

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП