Monday, September 21, 2015

ЕВЕ КАДЕ НАВРНА НАЈМНОГУ ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА


Пороен дожд, грмежи и силен ветер синоќа во градовите низ Македонија. Најмногу дожд наврна во местото Пожар-57 литри, 42 во Претор, 38 во Куманово, 32 воГевгелија, 30 во Демир Капија, 29 во Берово, 28 во Лазарополе, Штип и Струмица, 27 во Кавадарци, 25 во Прилеп и Крушево, 24 во Скопје, 20 во Маврово, 19 во Крива Паланка, 18 во Битола, Петровец и Пожаране, 16 во Тополчани, 14 во Дојран, 12 во Виница, 11 во Тетово и Охрид и најмалку, 8 во Дебар.

Времето денеска ништо поразлично од вчера. Ќе биде претежно облачно, ветровито и многу посвежо со повремени локални врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, особено во јужните и источните делови.

Ќе дува умерен до засилен северен и северозападен ветер, особено на запад и горниот тек на Повардарието. Температурата ќе се движи од 16 до 24 степени.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП