Thursday, September 17, 2015

НОВ ДИГИТАЛЕН МАМОГРАФ ЌЕ БИДЕ ИНСТАЛИРАН ВО ЈЗУ КАВАДАРЦИ

Шест нови дигитални мамографи до крајот на годинава ќе бидат испорачани и инсталирани во шест јавни здравствени установи и тоа во Kлиниката по хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, Клиничката болница во Штип и во општите болници во Кавадарци, Куманово, Прилеп и Кочани.

- Во болницата во Кавадарци првпат се воведува ваков тип дијагностика. Од тој аспект се одлучивме да набавиме мамограф во оваа ЈЗУ, посочи Тодоров.

Со набавка на овие апарати, нагласи министерот, ќе се овозможи скрининг-прегледите да се изведуваат на повеќе локации во државата, поблиску до женската популација, а со тоа ќе има
брзо и навремено делување кај оние лица/пациентки кај кои ќе се забележи определена промена во дојката.

- Во рамки на бесплатниот мамографски скрининг за рано откривање карцином на дојка, кој Министерството за здравство почна да го спроведува од 7 април, досега се извршени 2.731 преглед низ целата држава, во 17 јавни здравствени установи. Од извршените прегледи, 2.243 се со уреден наод, без присутни знаци на карцином, додека 488 жени се упатени на понатамошни испитувања врз основа на потреба за додефинирање на детектираната промена, рече Тодоров.

Според Тодоров, со набавката на нови дигитални мамографи, а истовремено и реализацијата на овој скрининг кој е една од најзначајните мерки за рано откривање на рак на дојка сериозно придонесуваме на унапредување и заштита на здравјето на женската популација, имајќи предвид дека тоа е најчестото малигно заболување кај жените.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП